Ланси Медоуз и Национален парк Нахани

Ланси Медоуз (L’Anse aux Meadows) е археолошко место во Њуфаундленд, Канада. Таа е единствената позната викиншка населба во Северна Америка и подигната е околу 1000 н.е. Можеби станува збор за населба во Винленд, новооткриена земја западно од Гренланд, која според исландските саги, се обиделе да ја населат  Викинзите од Гренланд. Откриено е во 1960 година од страна на норвешки истражувачи, брачниот пар Хелге и Ане Ингстад . Сместено е на најсеверната точка на островот Њуфаундленд, а името на локалитетот на француски јазик (L’Anse-aux-Méduses) значи Залив на медузите. Таа е под заштита на УНЕСКО од 1978 година.

Национален парк Нахани

Национален парк и резерват Нахани (англиски: Nahanni National Park) е национален парк во југозападниот регион Дехчо на канадската автономна територија на Северозападните територии, на околу 500 км западно од Yellowknifea. Со својата површина од 47.656 км² опфаќа поголем дел од природната површина на висорамнините на Мекензи . Неговото име потекнува од јазикот Атапаски (Дене) на домородните Индијанци од племето Yellowknife, Нахa Дехе што значи „река на земјата на народот Наха“. Имено, до 1820-тите и отворањето на првите европски трговски места, на ова место живееле Индијанците од племето Esbataottine (што значи „дивокози“) и Каскаите (кои припаѓаат на народот Нахана).

Низ средината на паркот тече дивата Јужна Нахани река, минувајќи низ четири спектакуларни клисури со длабочина до 1000 метри и уникатен карстски пештерски систем, создавајќи големи водопади. Паркот е исто така дом на бројни животински видови на поларната шума, како што се: волк, сива мечка и ирвасите, и алпски видови како што се Даловата овца (Ovis dalli) и планинска коза (Oreamnos americanus). Како резултат овие и други богатства и природни убавини, Националниот парк Нахани беше наведен на списокот на светското наследство на УНЕСКО во Америка уште во 1978 година.

Тексовите и другата содржина на интернет страницата slovopedia.org може да се користат само за лично информирање. Не е дозволено нивно, превземање, пренесување и реобјавување без дозвола и договор со Slovopedia.
Споделете: