Островите Галапагос

Галапагос (официјално име: Archipiélago de Colón; други шпански имиња: Islas de Colón или Islas Galápagos) — архипелаг од вулкански острови во Тихиот Океан, распространети околу екваторот и оддалечени 972 км. западно од Еквадор, на кого и му припаѓаат. Најпозната одлика на архипелагот е неговата флора и фауна.

Галапагос заедно со водата која го опкружува образува: покраина Галапагос, национален парк Галапагос и морски биолошки резерват Галапагос. Островите бројат 23.000 жители, а основен јазик е шпанскиот.

Геолошки гледано островите се млади, а прочуени се поради огромниот број на ендемични видови проучувани од страна на Чарлс Дарвин за време на пловидбата на бродот Бигл. Неговите забелешки и колекции придонесоа за раѓањето на Дарвиновата теорија за еволуција по пат на природен избор.

Првата поморска навигациска мапа на островите беше направена од пиратот Емброуз Каули (Ambrose Cowley) во 1684 г. Тој ги именувал островите според имињата на некои од неговите пирати или според имињата на англиските благородници кои му помогнале. Во поново време, еквадорската влада на островите им дава шпански имиња. Иако овие имиња се официјални, многумина (особено еколошките истражувачи) и понатаму ги користат старите англиски имиња, најмногу поради тоа што тоа се имињата кои ги користел Чарлс Дарвин при неговата посета на островите.

Тексовите и другата содржина на интернет страницата slovopedia.org може да се користат само за лично информирање. Не е дозволено нивно, превземање, пренесување и реобјавување без дозвола и договор со Slovopedia.
Споделете: