Христијанство

Во времето на римскиот император Тибериј, кога Пилат бил претставник на римските власти во Ерусалим, се појавува христијанската религија.

Старозаветната религијата била исполнета со надежта за доаѓање на ветениот Спасител, Месијата, Христос. Пророштвата од Стариот Завет, според теолозите, укажувале не само дека ќе дојде Месијата, туку и многу детали од неговиот живот (1.Мојс. 12,3; 22,18;49,10; 4.Мојс.24,16-18; 5.Мојс.18,15). Така, великиот пророк Даниел го прорекнува времето кога ќе се појави Месијата (Дан. 9, 24-27). Светиот пророк Михеј го прорекнува местото на раѓањето на Месијата (Мих. 5,2). А прорекнати се и разни други поединости од животот на Месијата (Ис. 53, 1-18).

Во времето на појавувањето на христијанството, овие месијански надежи биле многу живи, затоа што избраниот еврејски народ бил под целосно римско ропство, а освен тоа, пророштвото на Даниел за времето на доаѓањето на Месијата навистина се совпаѓале, барем  во основа, а според егзигезијата дури и во детали, со времето кога се појавува христијанството.

И, како што е познато од историјата и од Св. Писмо, во тоа време имало некои авантуристи кои се обидувале да се претстават пред еврејскиот народ како ветени месии, христоси. Но, овие обиди не успеале (Дел.ап. 5,34 – З8).

Тексовите и другата содржина на интернет страницата slovopedia.org може да се користат само за лично информирање. Не е дозволено нивно, превземање, пренесување и реобјавување без дозвола и договор со Slovopedia.
Споделете: