Конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство

Конвенција за заштита на нематеријалното (духовно) културно наследство, усвоена е во Париз на  17 октомври 2003 година на арапски, кинески, англиски, француски, руски и шпански јазик во оригиналниот документ. Во членот 1 од Основните одредби наведени се целите на Конвенцијата, додека во членот 2 објаснети се основните дефиниции:

                    КОНВЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА НЕМАТЕРИЈАЛНОТО

                                            КУЛТУРАЛНО НАСЛЕДСТВО

           (Convention for the Safeguarding of the Intangible Cultural Heritage)

                        (почетен текст од Конвенцијата, член 1 и член 2)

                                       Париз, 17 октомври 2003 год.

Генералната конференција на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура, во натамошниот текст именувана како УНЕСКО, на состанокот во Париз, од 29 септември до 17 октомври 2003 год, на своето 32 заседание,

Упатувајќи на постоечките инструменти за правата на човекот, особено на Универзалната декларација за правата на човекот од 1948 год., на Meѓунaроднио договор за економски, социјални и културни права од 1966 год. и на Меѓународниот договор за граѓански и политички права од 1966 год.;

Имајќи го предвид значењето на нематеријалното (духовно) културно наследство како основен двигател на културниот диверзитет и гаранција за одржлив развој, како што е нагласено во Препораката на УНЕСКО за заштита на традиционалната култура и фолклор од 1989 год., во Универзалната декларација за културна различност од 2001 год. и во Истанбулската декларација од 2002 год. прифатена на Третата тркалезна маса на министрите за култура;

Имајќи ја предвид  длабоката меѓусебна зависност на нематеријалното културно наследство и материјалното културно и природно наследство,

Признавајќи дека процесите на глобализација и на општествена трансформација, напоредно со состојбите што тие ги создаваат за обновување на дијалогот меѓу заедниците, како и феноменот на нетолеранција, претставуваат сериозна закана за деградирање, исчезнување и уништување на нематеријалното културно наследство, особено поради недостигот од средства за негова заштита;

Свесни за универзалната волја и заедничка грижа за заштита на нема теријалното културно наследство на човештвото;

Признавајќи дека заедниците, особено автохтоните заедници, групите и, во одредени случаи, поединци играат важна улога во создавањето, заштитата, одржувањето и повторното создавање на нематеријалното културно наследство, а на тој начин помагаат во збогатувањето на културната различност и креативност на човештвото;

Посочувајќи на далекусежното влијание на активностите на УНЕСКО во етаблирање нормативни инструменти за заштита на културното наследство, особено Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство од 1972 год.;

Укажувајќи, мeѓy другото, дека се уште не постои обврзувачки мултилатерален инструмент за заштита на нематеријалното културно наследство;

Имајќи предвид дека постоечките меѓународни договори, препораки и резолуции што се однесуваат на културното и на природното наследство треба да бидат збогатени и дополнети со нови одредби што се однесуваат на нематеријалното културно наследство,

Укажувајќи на потребата од подигање на свеста, особено меру припадниците на помладите генерации, за значењето на нематеријалното културно наследство и неговата заштита;

Укажувајќи на фактот дека меѓународната заедница треба, заедно со државите потписнички на оваа конвенција, да учествува во заштитата на ова наследство во духот на заемна соработка и помош,

 Повикувајќи се на програмите на УНЕСКО што се однесуваат на нематеријалното културно наследство, особено во прогласувањето ремек-дела од говорно и нематеријално наследство на човештвото;

Имајќи ја предвид непроценливата улога на нематеријалното културно наследство како фактор за зближување, размена и разбирање меѓу луѓето,  

Ја усвојува оваа конвенција на ден седумнаесетти октомври 2003 година.

                                                    I Основни одредби

                                       Член 1 — Цели на Конвенцијата

Цели на оваа конвенција се:

а) заштита на нематеријалното културно наследство;

б) обезбедување почит кон нематеријалното културно наследство на заедници, на групи и на поединци;

в) подигање на свеста за значењето на нематеријалното културно наследство на локално, на национално и на меѓународно ниво, при што ќе се обезбеди и заемно почитување;

г) остварување меѓународна соработка и помош.

                                         Член 2 — Дефиниции

За целите на оваа конвенција,

  1. Терминот „нематеријално културно наследство” значи обичаи, претставувања, изрази, знаење, вештини — како и инструменти, предмети, артефакти и културни предели што се во врска со нив — коишто заедниците, групите и, во определени случаи, поединци ги препознаваат како дел од своето културно наследство. Ова нематеријално културно наследство што се пренесува од генерација на генерација постојано се возобновува од заедници и групи во функција на нивната окруженост, нивната интерактивност со природата и нивната историја, го јакне нивното чувство за идентитет и континуитет на тој начин што го промовира почитувањето на културната различност и на човековата креативност. За целите на оваа конвенција ќе биде земено предвид само она нематеријално наследство што е компатибилно со постоечките меѓународни инструменти за човековите права, со барањата за заемно почитување мeѓy заедници, групи и поединци, како и за одржлив развој.
  2. Нематеријалното културно наследство, како што е дефинирано во пара граф 1 од овој член, се манифестира, мeѓy другото, во следните домени:

а) усна традиција и изразување, вклучувајќи го и јазикот како пренесувач на нематеријалното (духовно) културно наследство;

б) изведувачки уметности;

в) обичаи, обреди и празнични случувања;

г) сознанија и обичаи што се однесуваат на природата и на универзумот:

д) традиционални занаети.

 

Тексовите и другата содржина на интернет страницата slovopedia.org може да се користат само за лично информирање. Не е дозволено нивно, превземање, пренесување и реобјавување без дозвола и договор со Slovopedia.
Споделете: