Облици на политеизам кои исчезнале

Многубоштво или политеизам е обожување или верување во повеќе божества, кои обично се собрани во пантеон на богови и божици, заедно со своите митологии и ритуали.

Терминот политеизам потекнува од грчкиот збор πολύ poly  („многу“) и θεός theos („бог“) и за прв пат е измислен од еврејскиот хеленистички писател Фило од Александрија да се расправа со Грците.

Во некои од најдобро познатите историски исчезнати политеистички религии се вбројуваат сумерската и вавилонската религија, древната египетска религија, античката грчка и римска религија итн.

Културната размена можела да доведе до тоа еден „ист“ бог да се прочуе на две места под различни имиња, како што е со Грците, Етрурците и Римјаните, а исто така и со воведување на елементи на „туѓата“ религијата во локалниот култ, како што е обожувањето на египетските божества Озирис и Изида во античка Грција и Рим.

 

Тексовите и другата содржина на интернет страницата slovopedia.org може да се користат само за лично информирање. Не е дозволено нивно, превземање, пренесување и реобјавување без дозвола и договор со Slovopedia.
Споделете: