Словопедија

 


ЗА СЛОВОПЕДИЈА

Slovopedia.org  е информативен интернет портал и онлајн енциклопедија посветена на македонското и светско духовно, културно-историско наследство и традиција.

Еден од најсуштествените белези на луѓето и народите претставува нивното духовно, културно и историско наследство за кое сведочат бројни извори, непишани и пишани. 

Во значителен дел, содржините на Словопедија се однесуваат на тематика од историјата на христијанската религија, филозофија и култура. Голем број автори, во минатото и сегашноста, пишувале на овие теми.

Освен информативниот карактер, Словопедија е посветена на понатамошно истражување на актуелни прашања од културно-историско значење и на одредени историски и цивилизациски настани, со цел подобро разбирање и поефикасна заштита и промоција на духовното, културно-историско наследство. Словопедија користи разновидна стручна литература и други информативни текстови, материјали и документи.

Поради објективни причини и околности предвидените содржини за интернет порталот Словопедија ќе бидат објавувани со поспора динамика. Исто така, планираната содржина ќе биде претставена во редуцирана форма.