Списокот на на светското културно и природно наследство на УНЕСКО вклучува објекти и места номинирани и одобрени според меѓународната програма за светското наследство на Комисијата за светско наследство на УНЕСКО.
Програмата има за цел да каталогизира, именува и зачувува објекти со културно и природно значење за светско наследство. Програмата е создадена со Конвенцијата за зачувување на светското културно и природно наследство, која е подржана од Генералната конференција на УНЕСКО на 16 ноември 1972 година.
Објект или предел на светското наследство е место наведено од Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) кое поседува посебно културно или физичко значење.
Списокот на објекти и места на светско културно и природно наследство вклучува над 1.121 места низ целиот свет, од кои 869 објекти од културно значење, 213 места како светско природно наследство и 39 од мешан карактер и значење, од 167 земји. Кина и Италија, двете со по 55 објекти и места, имаат најголем број на светско културно наследство, потоа следуваат Шпанија (48), Германија (46), Франција (45), Индија (38) и Мексико (35). Првата верзија на списокот во 1978 година вклучувала само 12 објекти и места. УНЕСКО на секој објект од списокот му дава идентификационен број. Во Македонија, природното и културното богатство на Охридскиот регион е вклучено во списокот на УНЕСКО.
Во 1978 година, градот Кито (Еквадор) го направи големиот исчекор да биде првиот град во светот кој беше прогласен за за Светско наследство на УНЕСКО. Во истата година, Краков во Полска исто така беше прогласен за Светско наследство на УНЕСКО.
За списокот се грижи меѓународната Програма за светско наследство (World Heritage Program), управувана од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (UNESCO World Heritage Committee), составен од 21 „земји членки“, кои ги избира Генералното собрание.
Избирањето и правењето список на најважните светски природни и културни наследства и светски чуда може да биде навистина тешка, но и благородна задача.
Списокот на светско наследство, еден од најпознатите во светот, вклучува места и објекти низ целиот свет. Тој број постојано се зголемува.
Програмата започна со Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство која што е усвоена од Генералната конференција на УНЕСКО на 16 ноември 1972 година. Оттогаш, 193 земји ја ратификуваа конвенцијата, правејќи ја еден од најзначајните договори во светот и најпозната културна програма.
– Постои неверојатна разновидност на места, природни и културни, низ целиот свет, вели за CNN Мехтилд Рослер, заменик директор на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, 22-годишен ветеран на оваа организација. – Убавината на оваа конвенција е што текстот што го дефинира културното и природното наследство е многу широк.
Да се биде наведен на списокот е голема работа. Владините службеници работат со години за да ги подготват своите номинации.
И, кое туристичко место не ја бара ознаката на објект или место од светско културно или природно наследство?
Тексовите и другата содржина на интернет страницата slovopedia.org може да се користат само за лично информирање. Не е дозволено нивно, превземање, пренесување и реобјавување без дозвола и договор со Slovopedia. |