Древните Египќани создале една од најстарите култури во историјата на човештвото. Целата нивна култура и целиот нивен јавен и приватен живот се длабоко проткаени со религијата. Како и кај многу други народи, и овде во политеизмот се забележуваат јасни траги на монотеизам.
Во почетокот, Египет бил поделен на провинции. Секоја провинција, секој град, секое село имало свој бог заштитник. Со спојување на неколку градови во една целина, божеството на главниот град кој бил победник, ако до обединување дошло со војна, постанало главно божество, а другите божества постанале божества од втор и трет ред. Со обединувањето на целиот Египет било создадено, така да се каже, државно божество, чие име повторно зависело од градот, кој во одредени периоди бил центар на државата. Египќаните своите божества ги замислувале претежно во човечки облик, но тие честопати ги комбинирале и со елементи од животинскиот свет, бидејќи животните биле почитувани ако не баш како вистински божества, тогаш како символи на разни божества. Не се знае сосема сигурно од каде е оваа црта на египетската религија. Има некои претпоставки дека тое е остаток од тотемизмот, но оваа претпоставка не е целосно неоспорна.
Тексовите и другата содржина на интернет страницата slovopedia.org може да се користат само за лично информирање. Не е дозволено нивно, превземање, пренесување и реобјавување без дозвола и договор со Slovopedia. |