Списокот на објекти и места на светско културно и природно наследство сега вклучува над 1.000 места низ целиот свет. Првата верзија на списокот во 1978 година вклучувала само 12.
Избирањето и правењето список на најважните светски природни и културни наследства и светски чуда може да биде навистина тешка, но и благородна задача.
Списокот на светско наследство, еден од најпознатите во светот, вклучува над 1.000 места и објекти низ целиот свет. Тој број постојано се зголемува.
Наместо енциклопедиски да се прегледува овој список, зошто да не се започне на самиот почеток со првите 12 места и објекти од списокот на УНЕСКО ?
Островите Галапагос во Еквадор, Националниот парк Јелоустон во САД и островот Горе во Сенегал беа меѓу 12-те локации, наведени во првиот список од 1978 година.
Само земјите што ја потпишаа Конвенцијата за создавање на Комитетот за светско наследство (World Heritage Committee) можат да номинираат објекти и места од светко културно наследство, а тоа беа само 40 земји кога беа објавени првите номинации. Триесет и седум години подоцна, 191 нации ја потпишаа Конвенцијата.
– Постои неверојатна разновидност на места, природни и културни низ целиот свет, вели за CNN Мехтилд Рослер, заменик директор на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, 22-годишен ветеран на оваа организација. – Убавината на оваа конвенција е што текстот што го дефинира природното и културното наследство е многу широк.
Да се биде наведен на списокот е голема работа. Владините службеници работат со години за да ги подготват своите номинации.
И, кое туристичко место не ја бара ознаката на објект или место од светско културно наследство?
Додека чекаме да ги дознаеме најновите членови на овој престижен список, да се потсетиме на првите 12 места на светско наследство, наведени според редоследот по кој се наведени во записникот од состанокот од септември 1978 година во Вашингтон.
- Ланси Медоуз, Национален археолошки парк – Канада
- Национален парк и резерват Нахани – Канада
- Градот Кито – Еквадор
- Островите Галапагос – Еквадор
- Националниот парк Семиен – Етиопија
- Монолитни цркви, Лалибела – Етиопија
- Ахенска катедрала – Германија
- Стариот историски центар на Краков – Полска
- Величка и Бохниа, рудници за сол – Полска
- Островот Горе – Сенегал
- Национален парк Меса Верде – САД
- Национален парк Јелоустоун – САД
Тексовите и другата содржина на интернет страницата slovopedia.org може да се користат само за лично информирање. Не е дозволено нивно, превземање, пренесување и реобјавување без дозвола и договор со Slovopedia. |