Предхристијански култури и цивилизации – Месопотамија (1)

Првите цивилизации во историјата се појавиле во оние области каде веќе имало предуслови за нивната појава – развиен неолит, како што се областите на Западна Азија, Египет, околу реката Инд, Жолтата река (Хуанг Хе) во Кина, Југоисточна Европа со Мала Азија (Анадолија) и Блискиот Исток, потоа Централна Америка и Јужна Америка покрај брегот на Тихиот океан.

Иако сите антички цивилизации не се појавиле покрај реките кои се разлевале низ околните области – тие често се сметаат за најрани и некои научници овие факти ги доведуваат во причинско-последична врска. Треба да се напомене дека не е добро на овој начин да се пристапи кон реалноста, бидејќи таа е секогаш мошне сложена и секогаш е потребно да се земат предвид повеќе фактори. Затоа, во овој случај – барем подеднакво, ако не и повеќе од фактот дека првите цивилизации се појавиле покрај реките со напливни води – потребно е да се земе предвид фактот дека ова се области каде што претходно најрано и забрзано се развивал неолитот со целото културно богатство.

Во Месопотамија, каде што, според Библијата, била колепката на човечкиот род, откриени се остатоци од многу стара култура, некои сметаат можеби постара дури и од египетската. Денешната Месопотамија ги нема оние климатски карактеристики што ги имала пред  5.000 години. Во тоа време таа била мошне плодна и многу населена. Имала големи градови, центри на културата од тоа време. Во најстаро античко време, во неа живееле разни народи, како што се Акадијците, Сумерите, Вавилонците, Асирците, а северно од Асирија биле Медијците итн.

Верата на народите во Месопотамија бела многубожна (политеистичка). Тие ги замислувале божествата во човечка форма, но и со елементи од животинскиот свет. Според верувањата на древните жители на Месопотамија, секој дел од светот имал свои богови. Така, асиро-вавилонските богови можат да се поделат во следниве четири групи: богови на светот, 2) астрални богови, 3) богови на природата и 4) национални богови.

Регионалниот топоним Месопотамија (/ ˌmɛsəpəˈteɪmiə /, старогрчки: Μεσοποταμία ‘[земја] меѓу реките’); арапски: بِلَاد ٱلرَّافِدَيْن Bilād ar-Rāfidayn или арапски: بَيْن ٱلنَّهْرَيْن Bayn an –nah, персиски میان‌رودان miyân rudân; сириски ܒܝܬ ܢܗܪܝܢ‎ Бет Нахраин „земја на реките“) потекнува од старогрчкиот корен на зборовите μέσος (mesos, „средина“) и ποταμός (потамос, „река“) и во превод значи „земја меѓу реките“. Се користи низ Септуагинта (околу 250 година п.н.е.) за да се преведат еврејскиот и арамејскиот еквивалент Нахараим. Арамејскиот термин биритум / бирит нарим кореспондира со сличен географски концепт. Подоцна, терминот Месопотамија бил поопшто применет за сите земји меѓу Еуфрат и Тигар, со што не опишувал само делови од Сирија, туку и речиси целиот Ирак и југоисточна Турција. Соседните степи западно од Еуфрат и западниот дел од планините Загрос, исто така, често се вклучени под поширокиот термин Месопотамија. Понатамошна разлика се прави помеѓу Северна или Горна Месопотамија и Јужна или Долна Месопотамија.  Горна Месопотамија, позната и како Јазира, е област помеѓу Еуфрат и Тигар од нивните извори до Багдад. Долна Месопотамија е област од Багдад до Персискиот залив и ги вклучува денешен Кувајт и делови од западен Иран.

Со терминот Месопотамија, воглавно, се нарекуваат областите кои се наоѓаат меѓу реките Тигар и Еуфрат. На север граничи со планините на Ерменија, на југ достигнува до Персискиот Залив. На запад граничи со Сирија, а на исток – со планинските венци на Западен Иран. Во овие земји благодарение на реките Тигар и особено Еуфрат, слично како Нил во Египет, настанале едни од најдревните цивилизации како сумерската, акадската, асирската, а во почетокот на 2000 години п.н.е. започнало обединување на скоро целата област околу градот Вавилон.

Историскиот регион на Месопотамија во Западна Азија, во денешно време приближно одговара на поголемиот дел од Ирак заедно со Кувајт, источните делови на Сирија, југоисточниот дел на Турција и регионите долж границите на Турција со Сирија и на Иран со Ирак.

Сумерците и Акадијците (вклучувајќи ги Асирците и Вавилонците) владееле во Месопотамија од почетокот на пишаната историја (околу 3100 п.н.е.), сè до паѓањето на Вавилон во 539 п.н.е., кога потпаднала под Ахеменидското Царство. Александар III Македонски го освоил Вавилон во 332 п.н.е., а по неговата смрт, Месопотамија станала дел од македонското Селевкидско царство.

Околу 150 п.н.е. Месопотамија била под контрола на Партското царство. Месопотамија станала бојно поле помеѓу Римјаните и Партиците, при што западните делови на Месопотамија паднале под римска власт. Во 226 година, источниот дел го зазеле Сасанидските Персијци. Поделбата на Месопотамија меѓу Византија од 395 година и Сасанидското Царство траела до муслиманското освојување на Персија во 7 век и муслиманското освојување на Левант од Византијците. Голем број нео-асирски и христијански месопотамски држави постоеле помеѓу 1 век п.н.е. и 3 век од н.е., вклучувајќи ги Адијабена и Осроена.

Месопотамија е едно од најстарите места на човечката цивилизација каде започнала неолитската култура од пред околу 10.000 години п.н.е. и каде се случиле едни од најважните настани во историјата на човекот, вклучувајќи ги најстарите технички пронајдоци, развојот на земјоделието, развојот на курзивното писмо, математиката, астрономијата. Луѓето во Месопотамија употребувале  многу техники, вклучувајќи производство на метали и бакар, производство на стакло и ламби, ткаење на текстил, контрола на поплави, складирање на вода и наводнување.

Праисторијата на Стариот Блиски Исток започнува во раниот палеолитички период, но пишувањето започна со пиктографско писмо во Уручкиот период IV (околу 4-от милениум п.н.е.) а документираниот запис за актуелните историски настани – и античката историја на долна Месопотамија – започнува во средината на третиот милениум п.н.е. со клинесто писмо на раните династички кралеви и завршува со доаѓањето на Ахеменидското Царство кон крајот на 6 век п.н.е., односно со муслиманското освојување и воспоставувањето на Калифатот во доцниот 7 век, кога регионот станал познат како Ирак.

Во Месопотамија биле сместени историски важни градови како што се Урук, Нипур, Ниневија, Асур и Вавилон, како и големи територијални држави, како што се градот Ериду, акадските кралства, третата урска династија и разните асирски империи.

Тексовите и другата содржина на интернет страницата slovopedia.org може да се користат само за лично информирање. Не е дозволено нивно, превземање, пренесување и реобјавување без дозвола и договор со Slovopedia.
Споделете: