Политеизам – современи облици

Многубоштво или политеизам е верување во повеќе божества. Тој е побогат со разновидни облици отколку монотеизмот. Овие облици се толку различни што е тешко меѓу нив да се создаде некаков беспрекорен систем или распоредување, врз основа на нивните разлики или заеднички религиозни елементи.  

Дури и денес постојат различни форми на политеизам во различни земји, како Индија, Кина, Јапонија, Монголија, Тибет, Океанија, Африка и др.

Во значајни политеистички религии кои се практикуваат во денешно време спаѓаат хиндуизмот, таоизмот, шинтото, кинеската народната религија шенизам итн.

Како што знаеме, во минатото имало разни форми на политеизам, како што се религиите на Сумерите, Вавилонците, античките Египќани, Феникијците, античките Грци, Римјаните, Келтите итн.

Тексовите и другата содржина на интернет страницата slovopedia.org може да се користат само за лично информирање. Не е дозволено нивно, превземање, пренесување и реобјавување без дозвола и договор со Slovopedia.
Споделете: