Пораки и поуки за културното наследство

Илустративна метафора за наследството и причините зошто тоа треба да биде општо-планетарно добро, кое мора да се почитува, чува и заштитува, е искажана од знаменитиот антрополог Томас Х. Ериксон и таа е забележена во книгата „Светското наследство и идентитетот“ на Образовното наставно помагало (стр. 86) на УНЕСКО. Наследството, вели тој, „… е како корален гребен. Коралниот гребен се создава со многу пластови корални животни, но само најгорниот пласт е жив. По неколку години овие животни умираат и врз нив се напластува нов слој живи животни. Со секој нов слој, гребенот по малку се менува… станува повисок, малку поголем. Секое одделно животно се чини дека се движи слободно, но, всушност, е природно заглавено во претходната генерација. Во длабочините на морето, напластени едни над други, илјадници генерации корални животни се создавачи и (наедно) составни делови на истиот гребен. Ако се уништи некој од пластовите, се подрива целиот гребен.

Нашиот свет е како корален гребен. Го граделе илјадници поколенија пред нас – нивните мисли, нивните дела, нивните достигнувања. Тоа е дел од нас – дел од она што сме ние… наш идентитет и наше наследство.“

Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство е вистинската платформа врз која треба да се постави градењето на нашиот личен, колективен и национален однос кон културното и природното наследство создавано од дамнина за иднина… за навек. /проф. д-р АС/ОП-СН

Тексовите и другата содржина на интернет страницата slovopedia.org може да се користат само за лично информирање. Не е дозволено нивно, превземање, пренесување и реобјавување без дозвола и договор со Slovopedia.
Споделете: