Еднобоштво или монотеизам значи верување во еден единствен Бог кој го создал светот и е семоќен. Тоа е вера во едно, универзално, сеопфатно божество. Би било природно да се очекува дека монотеизмот е единствен во сè, односно дека има само еден облик на монотеизам, една вера, како што е еден Бог. Сепак, не е така. Монотеизмот, исто така, се јавува во повеќе форми, како архаичен облик на монотеизам (што некои го нарекуваат прамонотеизам), старозаветен монотеизам (јудаизам), христијанството и исламот.
Архаичниот облик на монотеизам или т.н. прамонотеизам, онака каков што ни е познат денес, не е секогаш прилично чист, но сепак се смета дека е поблиску до монотеизам отколку до политеизам.
Постојат мислења дека не е погрешно да се вклучи и Заратрустината религија (зороастризам) во монотеизам, иако други сметаат дека е политеизам, а најчесто оваа форма на религија се нарекува дуализам.
Тексовите и другата содржина на интернет страницата slovopedia.org може да се користат само за лично информирање. Не е дозволено нивно, превземање, пренесување и реобјавување без дозвола и договор со Slovopedia. |