Амблемот на светското наследство и Патримонито

Конвенцијата за светското наследство го поврзува зачувувањето на културното и на природното наследство, како што е прикажано на амблемот.

 

Овој амблем ја симболизира меѓусебната зависност на културните и природните локалитети: средишниот квадрат е облик што го формираат луѓе, а кругот ја претставува природата, укажувајќи дека и двете се тесно поврзани. Амблемот е тркалезен како и светот, но едновремено симболизира и заштита.

 

 

Патримонито е „роден“ за време на одржувањето на работилницата на Првиот светски младински форум за светското наследство во Берген, Норвешка, во 1995 г., а го создаде група ученици кои зборуваа шпански и кои сакаа да создадат некој лик со кој би можеле да се идентификуваат. Патримонито на шпански јазик значи „малечкиот чувар на наследството“ и овој лик претставува млад помагач во чувањето на наследството.

Тексовите и другата содржина на интернет страницата slovopedia.org може да се користат само за лично информирање. Не е дозволено нивно, превземање, пренесување и реобјавување без дозвола и договор со Slovopedia.
Споделете: