Национален парк Семиен

Националниот парк „Семиен“ е еден од националните паркови во Етиопија. Се наоѓа во зоната Семиен Гондар во регионот Амара, одалечен околу 160 км северо-источно од езерото Тана. Површината на паркот го опфаќа Семиен планинскиот ланец, во кој се наоѓа највисокиот врв на Етиопија, Рас Дашан.

Паркот е живеалиште на многу исклучително ретки животински видови, како што се; Етиопскиот волк, Гелада бабун и Етиопскиот јарец, дива коза што ја нема никаде на друго место. На планините Семиени, живее цицачот Каракал сличен на рисот. Повеќе од 50 видови птици имаат свое живеалиште во паркот, вклучувајќи го и импресивниот стрвинар Костоберина, со ширина на крилјата од 3 метри.

Паркот е основан во 1969 година, откако книгата на велшката писателка и актерка Клив Никол за нејзините искуства со походот на покривот на Африка доживеа планетарен успех.

Паркот Семиен беше едно од првите места на списокот за светско наследство на УНЕСКО (1978). Меѓутоа, неодамна, во 1996 година, поради брзото опаѓање на загрозените видови што го населуваат, тој беше ставен на списокот на загрозено светско наследство.

Тексовите и другата содржина на интернет страницата slovopedia.org може да се користат само за лично информирање. Не е дозволено нивно, превземање, пренесување и реобјавување без дозвола и договор со Slovopedia.
Споделете: