Но, Бог не само што бдее над моралот, туку според учењето на старозаветната Библија, Бог бдее и над општествениот и правниот поредок. Затоа во старозаветната Библија постојат многу чисто правни и општествени прописи за бракот, имотните односи, за правото на наследство, за робовите и др.
Особено, треба да се забележи дека прописите на старозаветната Библија за робовите биле неспоредливо похумани од сличните прописи на други народи, кои инаку во правото и културата биле далеку понапред од полуномадскиот израелски народ . Ниту еден Израелец, доколку поради одредени околности случајно се нашол во ропска положба, не морало да остане роб повеќе од седум години (5. Мојс. 15,12). А сличен пропис не бил познат во римското право или во грчката филозофија. Покрај тоа, еврејските пророци во името на Јахве постојано ги опоменуваат луѓето строго да ги чуваат правата на вдовиците и сираците, и на домашните и на странците што се нашле меѓу нив (Ис. 10,1–2; 1,17; 1,2З; 2.Мојс.22,22).
Бидејќи, според Библијата, израелскиот народ е избран Божји народ, оваа свест кај Израелците создала чуство на национална гордост која поради други влијанија и историски настани била доведена до високо ниво, така што, според нивното сфаќање најблизок на човекот може да биде човек со иста религија и националност (2. Мојс. 2,11-14). Иако Библијата бара иста правна заштита за странците, сепак во економските и приватни односи, односот на ближниот е поразличен и поблагонаклонет, отколку кон припадниците на другите народи (2. Мојс. 2, 11-14; 5. Мојс. 15, 2-3).
Тексовите и другата содржина на интернет страницата slovopedia.org може да се користат само за лично информирање. Не е дозволено нивно, превземање, пренесување и реобјавување без дозвола и договор со Slovopedia. |