Седумте светски чуда

Идејата да се направи список на важни локалитети е мошне стара. Древните Грци за седум светски чуда ги сметале:

➙ Пирамидите во Египет

➙ Семирамидините градини во Вавилон

➙ Храмот на Артемида во Ефес

➙ Статуата на Зевс во Олимпија

➙ Мавзолејот во Халикарнас

➙ Колосот од Родос

➙ Александрискиот светилник

Иако пирамидите во Египет постојат и ден-денес, другите шест чуда од древниот свет денес речиси исчезнале, а од нив останале само бледи траги во археолошките записи.

Древните Грци ги сметале седумте чуда за најдобри примери на културни споменици во својот средоземен свет. Списокот на светското наследство содржи/вклучува културни и природни локалитети од целиот свет и, што е најважно, Конвенцијата за светското наследство дава правен механизам за нивна заштита . Се надеваме дека, за разлика од Седумте светски чуда, во идните столетија ќе успееме да ги заштитиме сите локалитети на нашето светско наследство.

Тексовите и другата содржина на интернет страницата slovopedia.org може да се користат само за лично информирање. Не е дозволено нивно, превземање, пренесување и реобјавување без дозвола и договор со Slovopedia.
Споделете: