Разни облици на религиите и нивна поделба

Низ историјата на човештвото, религијата се јавувала во многубројни и многу различни форми. Некои од овие форми потекнуваат од одредени добро познати историски личности, како што е случајот со христијанството, мојсиејската религија, исламот,  будизмот, конфучијанизмот, зороастризмот, џаинизмот, а некои потекнуваат од длабочината на религиозната природа на народите, како што е случајот со различните национални политеистички религии.

Понекогаш е можно да се забележат влијанијата од една религија врз друга, а понекогаш вакви влијанија не постоеле или е невозможно за нас јасно да ги воочиме.

Сите облици на религијата можат главно да се поделат на две основни форми: монотеизам и политеизам. Оваа поделба може да изгледа премногу груба, скоро вештачка, бидејќи е тешко да се повлече строга граница помеѓу разните облици на религии, зошто покрај нив се јавуваат хенотеизмот, катенотеизмот, фетишизмот, анимизмот, тотемизмот.

Една беспрекорна класификација на различните облици на религии не е ниту можно да се даде. Затоа и постојат разни шеми и класификации. Начинот на класифицирање зависи и од принципиелниот став кон религијата или кон проблемот на развојот на религијата.  /ИР/

Тексовите и другата содржина на интернет страницата slovopedia.org може да се користат само за лично информирање. Не е дозволено нивно, превземање, пренесување и реобјавување без дозвола и договор со Slovopedia.
Споделете: